Синот на Хасан Салихамиџиќ го критикуваше Баерн, па брзо зажали поради тоа

Баерн Минхен доби вистинска лекција викендов со поразот од 3-0 на гостувањето против Баер Леверкузен во дербито на Бундеслигата.

На жестоки критики се најдоа стручниот штаб и играчите на тимот, а еден од оние кои се потсмеваше со нивната игра и резултат беше и Ник Салихамиџиќ, синот на поранешниот спортски директор на тимот Хасан Салихамиџиќ.

„Добро покриена втора статива Боеј“ – напиша Ник Салихамиџиќ на Твитер, прозивајќи го фудбалерот Саша Боеј кој пристигна од Галатасарај, а веднаш во следна објава дополнувајќи:

„Станишиќ е позајмен на Леверкузен за 2 милиони евра, а Боеј е донесен за 30 милиони евра. Нека ми објасни некој како е тоа можно. Штета што мојот тим игра вака, но…“.

Сепак, многу брзо потоа Ник Салихамиџиќ ги избриша своите објави, очигледно по нечија реакција. Најверојатно неговиот татко. Но, германските медиуми веќе го снимија и објавија сето тоа.

21-годишниот Ник ги мина школите на Баерн Минхен, беше на позајмица во Козенца, а сега е без клуб.

Се вчитува...