Синот на Михаел Шумахер на прагот на Формула 1

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, младиот Мик е на прагот на активирање своја професионална кариера во Формула 1.

Тимот на Торо Росо размислува за доведување на Мик Шумахер во своите редови како замена за Пјер Гесли кој на крајот од сезоната заминува во Ред Бул.

Синот на Михаел сега влетува, според најавите на престижниот „Моторспорт“, во потесниот избор најсериозни кандидати за нов возач на Формула 1. Шумахер претходно мора да избори пласман меѓу тројцата најдобри возачи во конечниот пласман во Ф3 како би осигурал суперлиценца за Ф1, а тоа е сосема извесно затоа што победи во шест од десет досегашни трки во Формула 3.

Се вчитува...