Синот на Михаел Шумахер одговори на критиките

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер во финишот на сезоната изби на лидерската позиција во генералниот пласман во шамопионатот во Формула 3. Ваквиот подем на младиот возач со славно презиме, не му е по волја на неговиот главен ривал на патеката, Дан Тиктум кој го обвини дека победува само затоа што го носи презимето Шумахер.

Првата победа на Мик Шумахер сезонава беше на шатеката „СПА“ во јули и таа трка се покажа како пресвртна за него. До  оваа трка тој беше на осмата позиција со 52 бода зад Тиктум. Но, потоа младиот Шумахер влезе во успешна серија од три победи на трките на „Нинбургринг“ и две на „Ред Бул Ринг“ и на три трки пред крај на лидерската позиција.

На прашањето за критиките од Тиктум, тој изјави дека не сака да почнува војна со зборови и истакна дека тој е посветен само на настапите и го пофали својот тим

„Не сакам да слушам такви работи. Мојот болид е неверојатен. Сите во тимот сме свесни  на кое ниво е и ја подобруваме, додека некои тимови можеби го сопреле тоа во некоја етапа. Му посакувам успех, но јас сакам да се фокусирам само на себе. Целиот тим не престана да работи во текот на целата година. После победата на „Спа“ не беше воопшто лесно да ја задржиме константноста, особено во квалификациите“ – изјави Мик Шумахер.

По трите последовни победи, Мик Шумахер доби честитки и од шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, а тоа одново ги подгреа гласините за интересот на Ф1 тимовите за помладиот Шумахер.

Се вчитува...