Синот на Роналдо постигна 7 гола за 25 минути

Кристијано Роналдо и неговиот Јувентус загубија од Ајакс во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но дека крвта не е вода покажа неговиот најстар син кој воодушеви на мечот на „Старата дама“ на играчи до девет години.

Кристијано Роналдо Јуниор беше најдобар стрелец во мечот на екипата, кој се игра на островот Мадеира. Синот на Португалецот на мечот против Маритимо постигна седум гола во првото полувреме, кое според правилата за фудбалери до 9 години трае 25 минути.

„Не е среќен кога ќе изгуби и сака да биде како мене. Верувам во него“, накратко изјави Кристијано Роналдо сениор.

Се вчитува...