Синот на Сарачевиќ се уште е во шок: На Интернет дознав дека татко ми починал

Златан Сарачевиќ беше погребан вчера на гробиштата „Мирогој“ во Загреб, откако тој почина од срцев удар на почетокот на оваа недела. Легендарниот хрватски ракометар беше придружуван од семејството и пријателите, а меѓу ожалостените беше и неговиот 15-годишен син Ноел.

За медиумите од Унгарија, Ноел даде изјава во која вели дека се уште е во шок, а за смртта на неговиот татко дознал преку интернет, па на овој начин премногу болно ја примил лошата вест.

“Добив неколку пораки со сочувство, дури и без да имам поим што се случува. Бидејќи повеќето од пораките ми доаѓаа од Хрватска, влегов на Интернет за да проверам. Дури тогаш дознав дека татко ми починал од срцев удар. Деталите беа шокантни, оваа трагедија дојде толку неочекувано. Дури и сега не можам да верувам дека тој го нема”, рече Ноел.

Ноел живееше во Унгарија со неговата мајка Анико, Унгарка со која беше Сарачевиќ пред бракот со Корнелија Хргота.

“Тато живееше во Хрватска, а јас во Унгарија. Пред пандемијата, секој училишен одмор го поминав со него. Кога започнаа карантините, не се гледавме некое време, но разговаравме на телефон на секои два до три дена“, изјави 15-годишнниот син на Сарачевиќ.

Се вчитува...