Синот на Шумахер стана шампион во Формула 3 (ВИДЕО)

Во семејството Шумахер има нов светски шампион. Мик, синот на легендарниот Михаел Шумахер ја освои титулата во Формула 3 шампионатот.

Титулата ја потврди на трката на домашен терен, на германската патека Хокенхајм. Мик Шумахер во втората трка заврши  на второто место што му беше доволно да ја освои титулата со оглед на тоа што пред трката имаше 49 бода предност во генералниот пласман пред главниот ривал Дан Тиктам.

На 19-годишниот Мик Шумахер ова му е втора сезона во Формула 3 шампионатот и прва шампионска титула во кариерата и според најавите е чекор поблиску до настап во Формула 1.

 

Се вчитува...