Синот по стапките на таткото – Втор Штролц кој стигна до злато во комбинација на ЗОИ

Австриецот Јоханес Штролц е освојувач на златниот медал во алпско скијање во комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Штролц со освојувањето на златниот медал успеа да го повтори успехот на неговиот татко Хуберт кој во 1988 година во Калгари во истатата дисциплина успеа да стигне до најсјајно одличје. Австриецот до победата стигна со вкупно време од 2:31.43 што беше за 59 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Андре Омот-Килде.

Подиумот со освојување на бронзениот медал го надополни Канаѓанецот, Џејмс Крофорд кој заврши со задоцнување од 68 стотинки зад победничкото време.

Се вчитува...