Синовите на Жота, специјални гости на „Енфилд“

Ливерпул викендов ќе го пречека тимот на Вулверхемптон, а управата на „црвените“ најде соодветен начин да го одбележи дуелот на двата клуба на Диого Жота, прв меч меѓу Ливерпул и Вулвс по трагичната смрт на португалскиот голгетер.

Медиумите на „островот“ објавија дека двата сина на Диого, Динис и Дуарта Жорта ќе бидат „маскоти“ и ќе ги предводат децата што ќе истрчаат заедно со фудбалерите пред самиот почеток на дуелот на „Енфилд роуд“.

Семејството на Жота на стартот на сезонава еднаш дојде во Ливерпул на меч на „црвените“, но ова ќе биде прво јавно појавување на двете дечиња по трагичната смрт на нивниот татко.

Се вчитува...