Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, Али Сисоко од денеска и официјално е нов член на Олимпијакос, потврди грчкиот клуб на својот сајт. Тој до крајот од оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер од Астон Вила, со право на целосно откупување на неговиот договор.
Францускиот дефанзивец е член на Астон Вила од 2014 година, а претходно го носеше дресот на премиерлигашот Ливерпул, Валенсија, Порто, Лион. Откако е дел од „лавовите“, Сисоко настапи на вкупно 55 натпревари, од кои 12 се оваа сезона откако тимот испадна во Чемпионшип девизијата.
Секако, Сисоко е квалитетно засилување за грчкиот гигант, кој моментално е на чело на табелата со 38 бода, 10 повеќе од второпласираниот Паниониос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА