Фудбалската федерација на Македонија сите натревари во баражите за пополнување на Првата и Втората фудбалска лига ги прогласи за мечеви од висок ризик.
Единствениот бараж-дуел за определување на последниот прволигаш следната сезона меѓу Беса и Башкими ќе се игра во недела, 25 мај, со почеток од 17 часот на стадионот Чаир во Скопје.
Домаќините за пополнување на второлигашките места се Кавадарци, и стадионите во Ѓорче Петров и на тренинг комплексот на ФФМ во Скопје.
Прва МФЛ
ФК БЕСА 1976 АД – АД ФК БАШКИМИ
25/05/2025 година Недела
17.00 часот
Стадион Чаир – Скопје
Втора МФЛ
ФК ОСОГОВО – ФК ШКЕНДИЈА (А)
24/05/2025 година Сабота
17.00 часот
Градски Стадион Кавадарци
ФК ПРЕСПА – ФК СЛОГА 1934
24/05/2025 година Сабота
17.00 часот
Стадион Тренинг Центар ФФМ – Скопје
ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ – ФК ТЕТЕКС
24/05/2025 година Сабота
17.00 часот
Стадион Ѓорче Петров – Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА