Сите двојки од наредните квалификации за ЛШ: Лесно за Ц. Звезда, нешто потешко за Динамо Загреб

Со комплетирањето на денешните средби од второто квалификациско коло веќе се познати и сите двојки за наредната квалификациска рунда за влез во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Шкендија имаше среќа во ждребот, па по елиминацијата на ТНС од Велс, тетовци во следната рунда ќе се сретнат со молдавски Шериф.

Динамо Загреб со Адријан Адеми ќе има незгодна задача против израелскиот првак Хапоел Бер Шева, а Црвена звезда на хартија е фаворит против Судува, откако Литванците во претходната рунда го изненадија АПОЕЛ.

Бобан Николов со унгарскиот Мол Види го очекува тежок двомеч со Лудогорец, а неизвесно се очекува да биде и на пресметките меѓу Селтик и Розенборг.

ДВОЈКИ ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ

Астана – Митјиланд, Лудогорец – Мол Види (Видеотон), Кукеши – Карабах, Клуж – Малме, Динамо Загреб – Хапоел Бер Шева, Црвена звезда – Судува, БАТЕ Борисов – Хелсинки, Шкендија – Шериф, Легија – Трнава, Селтик – Розенборг, ПАОК – Базел, Ајакс – Штурм.

Се вчитува...