Сите фудбалери – тренери: И репрезентативците Џани и Давид веќе со мислите кон иднината (ФОТО)

Актуелниот месец повторно од стручните служби и одделот за обука при Фудбалската федерација на Македонија резервиран за курсот за тренерска УЕФА Б лиценца, на кој пријавени повторно сериозен број кандидати.

Веќе се повпечатливо е дека се поголем број се уште активни фудбалери се одлучуваат уште во текот на играчката кариера да се впуштат во потрага по тренерските лиценци. Овој пат, сето тоа го искористија дури и репрезентативците Езгијан Алиоски и Давид Бабунски кои беа дел од октомврискиот собир за УЕФА Б лиценца под организација на ФФМ.

А, овој пат меѓу кандидатите за идни тренери и голем број се уште активни фудбалери, но и штотуку завршени со кариерите, пред се и поранешни репрезентативци меѓу кои Даниел Мојсов, Крсте Велкоски, Агим Ибраими, Арменд Алими, Боби Божиновски, Христијан Кировски, Владимир Димитровски… Македонија, ако ништо друго, јасно е дека дефинитивно нема да има недостасток на фудбалски тренери!

Се вчитува...