Сите грен-слем финалиња меѓу Ѓоковиќ и Надал (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал денеска во Париз на Ролан Гарос ќе го одиграат деветтото меѓусебно финале на грен-слем турнирите. Во претходните осум битки резултатот е израмнет 4-4. Првиот финален дуел на грен-слем турнир овие двајца тенисери го одиграа на УС Опен во 2010, а последниот на Австралија Опен во 2019 година.

Надал има победи од првата пресметка во 2010 година, потоа следуваат три успеха на Ѓоковиќ, па серија од три триумфа на Шпанецот и потоа успех на српскиот тенисер во последниот меч во Автралија минатата година.

Во прОдолжение, потсетување на финалните дуели од грен-слем турнирите меѓу двјацата великани на тенисот.

УС Опен 2010  – Надал 6:4, 5:7, 6:4, 6:2

Вимблдон 2011 – Ѓоковиќ 6:4, 6:1, 1:6, 6:3

УС Опен 2011 – Ѓоковиќ 6:2, 6:4, 6:7 (3:7), 6:1

Австралија Опен 2012 – Ѓоковиќ 5:7, 6:4, 6:2, 6:7 (5:7), 7:5

Ролан Гарос 2012 – Надал 6:4, 6:3, 2:6, 7:5

УС Опен 2013 – Надал 6:2, 3:6, 6:4, 6:1

Ролан Гарос 2014 – Надал 3:6, 7:5, 6:4, 6:2

Австралија Опен 2019 – Ѓоковиќ 6:3, 6:2, 6:3

Се вчитува...