Сите им вртат грб: „Адидас“ раскина со репрезентацијата на Русија

Германскиот гигант за спортска опрема „Адидас“, ја прекина соработката со руската фудбалска федерација за снабдување со опрема на сите репрезентации, поради инвазијата врз Украина.

„Адидас во овој момент го прекинува партнерството со руската фудбалска федерација“, се вели во соопштението од портпаролот на Адидас. Овој познат спортски бренд соработуваше со Русија од 2008 година.

Во фудбалска смисла ова е само продолжување на суспензиите кон Русија. ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања, како и нивните клубови, а многу играчи и тренери веќе си заминаа. Исто така ФИФПро најави дека ќе им овозможи на сите странци во Русија да бидат слободни агенти.

Според податоците од 2020 година, околу 2,9% од приходите за Адидас доаѓаа од Русија, Украина и од тој дел од источна Европа.

Се вчитува...