„Сите клубови се научија да живеат само од ваучерите… Па така и ќерка ми ќе води клуб!“

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.

Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој зад себе има богата домашна, но и интернационална, кариера, вели дека еден од најголемите проблеми на домашната кошарка се финансиите, а клубовите се научија „паразитски“ да живеат единствено чекајќи ги државните ваучери.

„Ваучерите се осмислени за да бидат еден вид само помош за клубовите кои сами треба да ги обезбедат мнозинските финансии за функционирање. А, не уште кога бев играч, единствен разговор на сопствениците или директорите во клубовите, кога ќе се поставеше темата финансии, беше дека се чекаат ваучерите. Кога ќе се спомнеа ваучери мене морници ме полазуваа. Па, за така, и мојата ќерка и ќерката на Грне може да водат клуб. Ќе ја поставам ќерка ми на чело на клуб, и ќе ја подучам само кога ќе дојдат играчите да бараат плата да им кажува дека се чекаат ваучерите од државата“ – вели Ненад Зивчевиќ во спортскиот подкаст ПРЕСИНГ.

============================================
ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ
============================================
КОМПЛЕТНАТА ЕПИЗОДА „ПРЕСИНГ“ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА…

Се вчитува...