Сите му фаќаат сеир, а Вернер е најдобар голгетер и асистент на Челси сезонава (ФОТО)

Тимо Вернер носи водство за Челси од 1-0 на полувреме од реванш дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Иако, Германецот е главна тема на „сеирџиите“ во светот, сепак бројките покажуваат дека тој сезонава е најдобар во таборот на лондонскиот клуб. Имено, со овој погодок тој годинава е на бројката од 12 со што е најдобар стрелец кај „сините“, а има и 10 асистенции со кои е најдобар и во тој статистички податок.

 

Се вчитува...