Сите плати во Серија А: Колку заработуваат Елмас, Пандев, Несторовски…

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ традиционално на почетокот од секоја сезона ги објавува платите на сите фудбалери во Серија А, тренд што новинарите на овој реномиран медиум го продолжија и за сезоната 2020/21.

Елиф Елмас е најплатениот македонски фудбалер со заработувачка од 1,5 милиони евра по сезона што му следи на „дијамантот“ со новиот договор што го потпиша неодамна. Тој сепак е далеку зад најплатените фудбалери во Наполи, листа на која на врвот се наоѓа Кулибали со шест милиони евра годишно, пред Инсиње со 4,6, Лозано, Мертенс и Осимен по 4,5 милиони евра по сезона…

Горан Пандев во својата последна сезона во професионалната кариера, во која најдобриот македонски фудбалер ќе заработи 500.000 евра. Третиот Македонец во елитното македонско фудбалско друштво, Илија Несторовски, има договор со Удинезе за 700.000 евра неделна плата, информира „Газета дело спорт“.

Најплатен фудбалер во Серија А останува Кристијано Роналдо, со заработувачка од 32 милиони евра. Зад Португалецот се наоѓа Де Лихт со осум милиони евра, а Топ 10 листата ја компллетираат Џеко и Лукаку од Интер, Дибала (Јуве), Џеко (Рома) со по 7,5 милиони евра годишно, как и Рабио, Рамзи, Алексис Санчез и Ибрахимовиќ, кои во сезоната 2020/21 ќе инкасираат по седум милиони евра од своите клубови.

 

Се вчитува...