Сите пороци на Ламар Одом – Многу секс, дрога, предозирање и лажен п**ис

Ламар Одом е одличен пример за тоа како славата може да те одведе кон дното. Човекот кој беше на врвот на кариерата откако освои две титули по ред со Лос Анџелес Лејкерс набрзо потоа се соочи со смртта, откако поради предозирање за малку ќе го изгубеше животот.

Кошаркарот имал тешко детство во кое на 12 години ја изгубил мајката и потоа морал да живее со таткото кој бил наркоман, единствена утеха и спас му била кошарката. Тој самиот има изјавено дека во кариерата има потрошено преку 100 милиони долари на дрога. Поради дрогата и предозирањето морав многу порано да ја завршам кариерата. По освојувањето на двете титули со Лејкерс за жал чувствував дека сум семоќен.

Тој во 2009 година стапи во брак со Клои Кардашијан, но тоа не претставувало проблем да биде со дури 2000 жени во текот на животот. Имал секс со шест жени дневно, без заштита поради што морал да плаќа за многу абортуси. Поради сето ова тие се разведоа во 2013 година, а во периодот додека беа заедно тој неколку пати и се закани на Кардашијан и со убиство.

Најголемиот скандал го имаше на ЛОИ во 2004 година, кога бидејќи секојдневно конзумирал марихуана на допинг контролата искористил „лажен пенис“, како резултатите би покажале дека нема недозволени супстанци во телото.

Тој во 2015 години се предозираше по што заврши во болница, а еден од луѓето кои му помогнаа во најтешкиот период во животот беше легендарниот Коби Брајант.

Се вчитува...