Сите прволигаши аплицираа за добивање УЕФА лиценца за сезоната 2019/2020

Сите македонски прволигаши, согласно утврдениот рок, аплицираа за добивање УЕФА лиценца за настап на натпреварите под капата на Европската куќа на фудбалот во сезоната 2019/2020.

Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во текот на изминатиов месец испрати покани до клубовите од Прва и Втора лига за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2019/2020.

Согласно доставените пријави, и сите актуелни прволигаши аплицираа за добивање на УЕФА лиценца очигледно сите до еден очекувајќи да се изборат за европски настап под капата на УЕФА во сезона 2019/2020.

За добивање УЕФА лиценца до канцеларијата на ФФМ аплицираа ФК Академија Пандев – Струмица, ФК Беласица – Струмица, ФК Вардар – Скопје,  ФК Македонија 1932 ЃП – Скопје, ФК Победа – Прилеп, ФК Работнички – Скопје, ФК Ренова – с.Џепчиште, ФК Силекс – Кратово, ФК Шкендија – Тетово и ФК Шкупи 1927 – Скопје.

Овие клубови во периодот до 05. мај 2019 година, а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА лиценца.

Се вчитува...