Сите рекорди кои ги урна Ноле со освојувањето на Австралија опен!

Новак Ѓоковиќ славеше во големото финале на првиот грандслем во сезоната, Австралија опен против Русинот, Данил Медведев со 3-0 (7-5, 6-2 и 6-2). Со освојувањето на турнирот во Мелбурн, Србинот успеа да урне неколку рекорди.

Ова за првиот рекет во светот беше деветта титула на Австралија опен со која е неприкосновен владетел, бидејќи на делба на втората позиција се Рој Емерсон и Роџер Федерер кои имаат по шест титули на отвореното првенство на Австралија.

Ѓоковиќ вторпат во кариерата успева трипати по ред да стигне до титулата во Мелбурн, а досега беше единствен што три пати по ред во една прилика го освојуваше трофејот. Србинот стигна до 12 грандслам трофеј на тврда подлога бидејќи покрај деветте на Австралија опен има уште три од УС опен, со што сега има еден повеќе од Роџер Федерер кој остана на 11.

На 8. март Ѓоковиќ во уште една работа ќе го помине Федерер, а тоа е по поминати недели на првото место на АТП листата кои досега се 310.

Се вчитува...