Сите се чудат на изјавата на Чави: Дембеле може да биде најдобар во свет на својата позиција

Тренерот на Барселона, Чави верува дека Усман Дембеле може да биде еден од најдобрите играчи во светот, и најдобар на својата позиција, само доколку работни напорно.

Тој кажа дека нема никакви замерки кон Французинот, и дека е среќен од неговата форма.

„Гледам дека Дембеле е среќен. Немам замерки кон него. Се зависи од него. Гледам дека има високо ниво, и дека може да биде најдобар во Светот на својата позиција. Усман е многу добар за мојот стил на игра. Но, тој треба да работи напорно“, рече Чави.

Оваа изјава на Шпанецот наиде на чудење кај фудбалската јавност, со оглед на огромната конкуренција што владее во светскиот фудбал на неговата позиција.

Сепак, јасно е дека Чави ќе стори се за да го убеди Дембеле да потпише нов договор, наместо без никаква отштета да си замине од „Камп Ноу“.

Се вчитува...