Сите тениски турнири во Австралија ќе се играат во Мелбурн

Како што беше најавено сите тениски турнири кои во јануари треба да се играат во Австралија ќе бидат одржани само во Мелбурн. Тоа сега и официјално е потврдено од страна на Австралиската тениска федерација. Од АТФ ги послушаа препораките од државните власти и дека турнирите кои треба да се играат во Бризбејн, Аделаид и Хобарт како и популарниот АТП куп мора да се играат само во Мелбурн.

Секако најважно е дека со оваа одлука Австралија опен дефинитивно ќе се одржи и ќе почне на 18. јануари. Усвоен е и предлог дека тенисерите во текот на задолжителниот 14-дневен карантин имаат можност за тренирање како би ја одржале формата и би биле подготвени за турнирите.

Се вчитува...