Веспрем ќе биде во комплетен состав за првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите против Вардар, откако сите тестирани ракометари добија негативни резултати на Covid-19.
Унгарскиот првак утрово ги тестираше сите ракометари и членовите на стручниот штаб, a по добиените резултати избраниците на Давид Дејвис се упатуваат кон Скопје, каде ќе излезат на мегдан со ривалот кој ги совлада во последното финале во ЛШ, што го одиграа во 2019 година.
Мечот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток со почеток во 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“, без присуство на публика на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА