Со денешните последни квалификациски средби дефинитивно се комплетираше и списокот со патници на ЕП 2020, првиот европски шампионат на кој ќе учествуваат 24 селекции.
За Македонија ова е петти континентален собир во низа, до кој дојдовме освојувајќи го првото место во групата од која билет за ЕП обезбеди и Исланд. Турците по поразите на двете последни средби со Македонија и Исланд не успеаја да се пласираат на шампионатот.
БиХ во клучниот натпревар славеше на гостувањето во Чешка со 23-24 и обезбеди историски прв пласман на едно европско ракометно првенство. Заедно со Босанците на ова ЕП ќе дебитираат и Холандија и Летонија.
КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ НА ЕП 2020
ШАМПИОН: Шпанија.
КО-ДОМАЌИНИ: Австрија, Шведска, Норвешка.
ПЛАСМАН ПРЕКУ КВАЛИФИКАЦИИ: Македонија, Хрватска, Германија, Исланд, Словенија, Летонија, Франција, Португалија, Унгарија, Данска, Русија, Полска, Швајцарија, Србија, Холандија, Чешка, Белорусија, БиХ, Црна Гора, Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА