Фудбалерот на Челси, Педро Нето, изјави дека тимот е вознемирен кога слушнал дека тренерот Енцо Мареска е отпуштен и му се заблагодари на италијанскиот стручњак за тоа што му помогнал во кариерата.
Нето истакна дека никој од играчите немал поим за отказот, и биле изненадени со оглед дека ги донесе трофеите во Лигата на Конференции и во Светското клупско првенство во витрините.
„Немаме поим, и сите бевме вознемирени. Кога ја слушнав веста без инензаден затоа што тој направи добри работи за нас. Минатата сезона беше неверојатна, имавме одлична година и сакавме да бидеме подобри. Но, тоа е фудбалот. Тажно е за мене затоа што Мареска беше тренер кој ми помогна сите овие години. Научив многу со него, на лично ниво беше неверојатно за мене, и сакам само да му се заблагодарам. Таков е фудбалот“, изјави Нето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

