Сите во тренери: „Дузина“ фудбалери од Првата лига на курс за УЕФА Б тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 15. до 21. октомври 2018. во спортскиот комплекс на хотел „Истатов“ го организираше 24-от курс за добивање на УЕФА Б тренерска диплома.

На курсот учевствуваа 48 кандидати, а меѓу нив голем број актуелни и поранешни фудбалери и репрезентативци како Ванчо Трајанов, Бобан Грнчаров, Филип Ивановски, Минас Османи, Баже Илијоски, Ерсен Сали, Дејан Костуранов, Димитрија Лазаревски, Муарем Муарем, Благоја Гешоски…

На УЕФА Б курсот во Дојран, Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА помогна и 13 жени кандидати кои изразија желба и мотивираност да се здобијат со тренерска диплома. Оваа акција е дел од УЕФА/ФФМ проектот за развој на женскиот фудбал во делот на поголема стручност на тренерски кадри кои потоа под водство на свој ментор ќе се вклучат во тренинг процесот во женскиот фудбал.

По комплетирање на обврските на овие 13 кандидатки, бројот на женски тренери во Македонија ќе биде 32 и со тоа се зголемува и конкурентноста во тренерската струка.

Се вчитува...