Сите за еден: Цел тим на Билбао со поддршка за Алварез

Фудбалерите на Атлетик Билбао направија хуман гест каков што ретко се гледа. Поради процесот на хемотерапија, на 22-годишниот дефанзивец Јерај Алварез му опаѓа косата, па сите играчи на клубот решија да направат идентична фризура, за да го делат истиот „стил“.

Јерај Алварез боледува од канцер на тестисите, кој одново се појави во неговото тело шест месеци откако ја направи првата операција. Одбранбениот играч требаше да биде дел од младата репрезентација на Шпанија до 21 година која настапуваше на ЕП во Полска, но непосредно пред првенството беше дијагностицирана нова активност на канцерот во неговиот организам.

Athletic-Club (1)

Се вчитува...