Сити го договори и Марез – лекарски прегледи, па потпис

Пеп Гвардиола долго го чекаше Ријад Марез, но сапуницата околу алжирскиот ас конечно ќе финишира во текот на оваа седмица, кога овој фудбалер и официјално ќе потпише договор со Манчестер сити. „Граѓаните“ беа близу до потпис во јануарскиот преоден рок, но Лестер во последен момент ја зголеми сумата што ја бараше, па трансферот пропадна.

Сепак, ангажманот на овој квалитетен фудбалер остана желба на Гвардиола, а управата на клубот стори се за овојпат без изненадувања во последен час да го доведе Марез во Манчестер. Британските медиуми јавуваат дека двата клуба се договориле висината на трансферот да изнесува 60 милиони фунти, а Марез до крајот на оваа седмица ќе пристигне на лекарски прегледи, по што и официјално ќе потпише договор со новиот првак на Премиер-лигата.

Тој ќе биде второ засилување на Сити во овој преоден рок, бидејќи се очекува во меѓувреме да биде официјализиран и трансферот на Жоргињо од Наполи.

Се вчитува...