Сити го нуди Габриел Жезус на гигантите од Мадрид!?

Шампионот на Англија, Манчестер сити го понудил нивниот напаѓач Габриел Жезус на гигантите од Мадрид, Реал и Атлетико, а фудбалерот наводно сака плата од пет милиони евра годишно.

Атлетико не е премногу заинтересиран за услугите на напаѓачот, но Реал не ја исклучува опцијата да го ангажира, но сè уште е рано да се каже дека дефинитивно ќе тргнат по неговите услуги.

Жезус има квалитет, иако не добиваше шанса во Манчестер, сепак ги користеше своите моменти и знае да постигне гол кога е потребно, а токму тоа му ја остава отворена вратата во Мадрид.

„Кралевите“ го имаат одличниот Карим Бензема, кој го предводеше тимот во текот на целата сезона, но кога не е на теренот Реал има проблеми во нападот затоа што Лука Јовиќ се покажа како големо промашување.

Се вчитува...