За само 32 минути од средбата, Манчестер Сити има убедливи 0-3 на гостувањето во Лисабон кај Спортинг. Четата на Пеп Гвардиола немилосрдно маршира кон убедлива победа, и е на пат да го реши пласманот во 1/4 финалето уште по првиот меч со португалскиот тим.
Марез во 7. минута, потоа Силва во 17. минута, и на крај Фоден во 32. минута донесоа убедлива предност на „граѓаните“.
Спортинг е немоќен, наиде на расположен тим и се чини дека уште од сега може да мисли само на домашниот шампионат.
На вториот меч, на дербито во Париз, нема голови, иако иницијативата е целосно на страната на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА