Сити конечно доведе замена за Родри, раце трие и Барселона

Манчестер Сити потроши многу пари на нови фудбалери во овој преоден рок, но управата на клубот чекаше до последниот ден за да ја исполни најголемата желба на Гвардиола и да доведе играч на позицијата последен фудбалер за врска кој би го заменил повредениот Родри. „Граѓаните“ беа поврзувани со неколку различни опции, но денеска конечно успеаја во своите редови да го доведат Нико Гонзалес, аргентински интернационалец кој доаѓа од редовите на Порто.

Повредата на клучниот играч за врска е главен фактор за оваа катастрофална сезона на Сити, а нецел ден откако тимот на Гвардиола прими пет гола на дербито со Арсенал раководството на клубот реши да стави крај на преговорите со Порто, прифаќајќи ги условите на португалскиот гигант. Имено, Португалците од самиот старт на преговорите јасно ставија до знаење дека нема да го продадат Нико, кој може да си замине само со активирање на клузулата во висина од 60 милиони евра.

Сити имаше три пониски понуди што беа одбиени, за денеска и официјално да ја плати оваа сума, но на неколку годишни рати.

Од овој трансфер раце тријат и челниците на Барселона, ако се знае дека каталонците вметнаа клаузула од 40% од следниот трансфер кога го продадоа Гонзалез во Порто. Практично, каталонскиот гигант со самата преселба на Нико во Манчестер се побогати за вкупно 24 милиони евра, пари што ќе ги добијат во наредните четири години.

Се вчитува...