Сити му се „одмазди“ на ПСЖ, Спортинг Лисабон го елиминираше Дортмунд (ВИДЕО)

Манчестер сити му се „одмазди“ на Пари Сен Жермен за поразот во првиот меч, откако вечерва на својот „Етихад“ славеше со 2-1. Гостите дојдоа до водство со погодокот на Килијан Мбапе во 50. минута.

На 1-1 израмни Рахим Стерлинг во 63. минута, додека конечните 2-1 ги постави Габриел Жезус во 76. минута. И двата тима обезбедија пласман во нок-аут фазата бидејќи во вториот меч од овој сегмент Лајпциг славеше на гостувањето кај Клуб Бриж со убедливи 0-5.

Спортинг Лисабон ја елиминираше Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите откако изненадувачки на домашен терен славеше со 3-1. Стрелци за Португалците беа Педро Гонсалвеш на двапати и Поро.

 

 

 

 

 

Се вчитува...