Манчестер сити испрати нова понуда вредна 70 милиони фунти за најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез. Раководството на Сити ќе му понуди договор од 400.000 фунти неделна плата, или 21 милион фунти за секоја сезона.
И покрај тоа што Венгер потенцираше дека Санчез ќе го испочитува договорот и ќе ја одигра последната сезона во дресот на „топчиите“, „граѓаните“ се убедени дека можат да го договорат Чилеанецот до крајот на преодниот рок. Екипата на Гвардиола сега е пол-позиција за потписот на чилеанската ѕвезда, бидејќи како што пренесуваат француските медиуми, трансферот на Мбапе во ПСЖ е скоро готов, што значи дека Парижаните се откажуваат од Санчез.
Арсенал веќе две кола во првенството игра без нивниот најдобар поединец, кој наводно се опоравува од повреда. Против Лестер на отварањето триумфираа преку пресврт со резултат од 4-3, додека вчера Стоук ги изненади на „Британиа“ стадионот со единствениот погодок на Хесе, а веќе во следното коло ги очекува дерби против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА