Сити победува на рутина: Марез го реши Ватфорд

Манчестер сити потврдува зошто е актуелен првак на Англија откако „граѓаните“ својата победничка серија ја продолжија и на денешното гостувањето во Лондон против Ватфорд (1-2). Гвардиола не можеше да смета на Агуеро, згора на тоа му даде заслужен одмор и на Стерлинг, но тоа не се одрази врз играта на шампионот, кој целосно доминираше. Сане и Марез промашија стопроцентни шанси во првите дваесетина минути, а Ватфорд може да жали за промашувањето на Дини при резултат 0-0.

Потоа на сцена стапи Ријад Марез, кој најпрвин го проигра Сане, за гол со гради за водство на Сити од 0-1, пред алжирскиот интернационалец самиот да бие прецизно за 0-2 по доброто додавање на Габриел Хесус. Ватфорд пред крајот намали на 1-2 преку Дукуре, но домаќините и покрај обидите да стигнат до израмнување сепак не успеаја да му „украдат“ бод на фаворитот.

Вест хем славеше со 3-1 на дуелот со Кардиф, но ситуацијата сигурно ќе беше многу поразлична доколку гостите при резултат 0-0 го реализираа пеналот што беше досуден во нивна корист. Арнаутовиќ се повреди пред крајот на полувремето, а неговата замена Лукас Перез конечно блесна, постигнувајќи ги првите два гола во дресот на Вест хем. Конечните 3-0 ги постави Антонио Валенсија.

Брајтон го совлада тимот на Кристал палас со 3-1, изненадувачки резултат ако се знае дека домаќините од 28. минута беа со играч помалку на теренот поради црвениот картон што го заработи Дафи. Во тој момент резултатот гласеше 1-0, но Брајтон набрзина пстигна уште два гола и на одмор замина со убедливи 3-1, за Палас пред крајот само да постигне утешен погодок со пеналот на Миливојевиќ.

Бурнемаут стигна до трите бода на пресметката со Хадерсфилд триумфирајќи со 2-1 со головите на Вилсон и на Фрејзер, додека единствениот погодок на гостите беше дело на Конголо.

Се вчитува...