Сити подготви 200 милиони фунти за Хари Кејн

Манчестер Сити води битка за освојување на сите можни трофеи сезонава (стигна до Лига-купот, а во игра е за ЛШ, Премиер-лигата и за ФА Купот на Англија), а управата на „граѓаните“ истовремено веќе планира засилувања за летниот преоден рок. Сити во последните десетина години никогаш не бил скромен при шопингот, па се очекува англискиот првак да тргне моќно и летово, со Хари Кејн на врвот на листата со желби на Пеп Гвардиола.

Серхио Агуеро игра одлично во последните дваесетина дена, но Гвардиола сепак сака да го доведе Кејн како играч што уште долги години ќе биде напаст за противничките дефанзивци. Таблоидот „Сан“ тврди дека веќе е подготвена и понудата – неверојатни 200 милиони фунти, се со цел да се добие битката за Кејн, за чии услуги се интересира и Манчестер Јунајтед, како и Реал Мадрид.

Како дел од трансферот „граѓаните“ се подготвени да го испратат во Тотенхем и Бразилецот Габриел Хесус, но прашање е колку Покетино ќе го сака овој фудбалер во својот тим, кога може да го наплати заминувањето на Кејн и потоа самиот да си го избере новиот голгетер за „спарси“.

Се вчитува...