Управата на Манчестер Сити дефинитивно знае како да ги наплати добрите резултати на својот тим, откако актуелниот англиски првак потпиша мегадоговор вреден 650 милиони фунти со производителот на спортска опрема „Пума“.
Договорот е со времетраење од десет години, но сумата од 65 милиони евра по сезона е повеќе од тројно повисока од она што Сити го заработуваше со актуелниот договор со американската компанија „Најк“.
„Ова е историски ден за нас, направивме нешто што никој пред нас го нема направено. Ни беше потребен партнер со кого ќе чекориме со крупни чекори напред, го пронајдовме со овој договор“ – изјави извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Соријано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА