Сити пукна „петарда“ и се одлепи од Челси

Манчестер сити е осамен на врвот на премиерлигашката табела (барем до крајот на дуелот Хадерсфил – Ливерпул) откако „граѓаните“ попладнево славеа со 5-0 над Барнли, бегајќи на плус два бода во однос на Челси. Серхио Агуеро го отвори резултатот во првото полувреме, а останатите четири погодоци беа постигнати во вториот дел. На 2-0 зголеми Бернардо Силва по едно додавање на Давид Силва откако гостинската одбрана заспа оставајќи го осамен Португалецот, неколку минути подоцна беше 3-0 по силниот удар на Фернандињо. Четвртиот и петтиот погодок беа постигнати во последните седум минути, во кои Марез и Сане го најдоа патот до мрежата на Џо Харт.

Тотенхем и без Ериксен и Деле Али славеше со 0-1 на незгодното гостување против Вест хем. Ламела беше стрелец на единствениот погодок на дуелот што го одбележа тешката повреда на Јармоленко, поради која украинскиот ас мораше на носилки да го напушти теренот.

Кардиф славеше со 4-2 над Фулам за своја прва премиерлигашка победа сезонава, додека Њукасл загуби на домашен терен од Брајтон со 0-1, со што уште повеќе се зголемува притисокот врз Рафаел Бенитез.

Резултати Англија:

Манчестер сити – Барнли 5-0, Вулвс – Ватфорд 0-2, Бурнемаут – Саутемптон 0-0, Кардиф – Фулам 4-2, Њукасл – Брајтон 0-1, Вест хем – Тотенхем 0-1.

Се вчитува...