Сити реди победи, Арсенал се разбуди во второто полувреме

Манчестер сити ја нанижа и шестата победа во серија во Премиер-лигата, на гостински терен против ВБА со 2-3, задржувајќи ја убедливата предност во однос на ривалите. „Граѓаните“ од самиот почеток беа во водство откако прецизен беше Сане, домаќините само накратко израмнија, за потоа Фернандињо и Стерлинг да ги разрешат дилемите околу победникот. Со овој триумф Сити сега има 28 бода, пет повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.

Арсенал со многу мака го скрши отпорот на Свонси, славејќи со 2-1. Гостите водеа со 0-1 по првиот дел, а Петр Чех одбрани зицер во 45. минута, оставајќи го својот тим во игра. Потоа, „топчиите“ во второто полувреме заиграа многу подобро и за само неколку минути направија целосен пресврт со головите на Колашинац и на Рамзи.

Ливерпул триумфираше со 3-0 над Хадерсфилф, откако Салах промаши пенал во првото полувреме, па „црвените“ трите гола ги постигнаа во вториот дел, преку Стариџ, Фирмино и Вајналдум.

Резултати Англија: 

ВБА – Манчестер сити 2-3, Ливерпул – Хадерсфилд 3-0, Кристал палас – Вест хем 2-2, Ватфорд – Стоук 0-1.

Се вчитува...