Сити сака да ја плати клаузулата за Лаутаро

Лаутаро Мартинез е еден од главните „виновници“ што Интер е хит на сезоната во Италија и моментно има предност пред Јувентус на табелата во Калчо-лигата. Сепак, одличните партии на Аргентинецот им создадоа и сериозни главоболки на „нероаѕурите“, кои сега мака мачат да го убедат голгетерот да потпише нов договор со нив.

Проблем за Интер е што во актуелниот договор на Лаутаро Мартинез има клаузула за раскин во висина од 111 милиони евра, сума што Манчестер Сити е подготвен да ја плати за да го доведе овој суперталентиран голгетер во Премиер-лигата. Претходно интерес за Лаутаро покажуваше Барселона, но каталонскиот гигант во ниту еден момент не се приближи до сумата предвидена со клаузулата за раскин.

Тоа не е случај со газдите на Манчестер Сити, кои не сакаат да преговараат со италијанскиот клуб, туку би ја активирале клаузулата за раскин доколку успеат да постигнат договор со самиот фудбалер. Лаутаро засега покажува максимална лојалност кон „нероаѕурите“, дефинитивно ќе остане на „Џузепе Меаца“ до крајот на сезонава, но летово би можел да ги разгледа сите опции за продолжување на кариерата.

Се вчитува...