Сити се поднови со 22-годишен голман

Манчестер Сити го доведe 22-годишниот голман Џејмс Трафорд, пренесува најдоверливиот експерт за трансфери на фудбалери, Фабрицио Романо.

Романо тврди дека Сити веќе се договорил со Барнли кој ќе добие 40 милиони фунти за својот досегашен млад голман.

Трафорд изминатава сезона во Чемпионшип прими 16 гола на 45 натпревари. Во 29 од нив, не прими ниту еден погодок.

Се вчитува...