Манчестер Сити ја прекина серијата од два премиерлигашки порази откако тимот на Пеп Гвардиола попладнево рутински славеше со 1-3 на гостувањето против Саутемптон.
Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, првиот беше дело на Давид Силва, по што Хојбјерг израмни по една грешка на Зинченко. Пресудно беше судиското продолжение на првиот дел, откако Ворд Прауз си постигна автогол по обидот за асистенција на Стерлинг, за Агуеро да стави точка на полувремето со гол со глава во 48. минута.
Актуелниот првак со тоа ја намали негативата во однос на Ливерпул на седум бода, во пресрет на големото дерби што на 3 јануари ќе го игра во Манчестер токму против тимот на Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА