Сити во последните десет минути го скрши отпорот на Вулверхемптон (ВИДЕО)

Манчестер сити запиша нова победа во Премиерлигата, за дополнителен чекор кон шампионската титула, славејќи со 4-1 во првиот натпревар од 27. коло против Вулверхемптон.

Победата за „граѓаните“ ја донесоа Габриел Хесус со погодокот во 80. минута, и Махрез во 91. минута, а за убедливи 4-1 се погрижи Габриел Хесус со својот втор гол во 95. минута.

 

Manchester City [2] – 1 Wolves – Gabriel Jesus 80 from r/soccer

Manchester City [3] – 1 Wolves – Riyad Mahrez 90′ from r/soccer

Претходно, Манчестер сити до предност дојде со автоголот на Дендонкер во 15. минута, а гостите израмнија со погодокот на Коади во 61. минута.

Се вчитува...