Сицилијанскиот град ја дополни листата на фудбалски моменти за паметење: Палермо – освоено, на ред е Порто!

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Повеќе од интересен е фактот дека кога ќе се обидете да ги издвоите најзначајни фудбалски моменти во историјата на македонската репрезентација, сите пет се на гостински терен.

Ако пред полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 тоа беа пет градови, Крањ, Вадуц, Саутемптон, Тбилиси и Дуисбург, сега на таа листа се дополнува и Палермо.

Податок кој можеби индиректно доволно зборува за вечниот притисок кој македонските репрезентативци го чувствувале секогаш кога играле на домашен терен, па некако преку натпреварите одиграни надвор од Македонија најчесто сме го привлекувале вниманието на Европа.

Се вчитува...