Ситуацијата се смирува: Адвокатот на Осимен се откажал од тужба против Наполи

Ситуацијата со напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен полека се смирува откако неговиот адвокат Роберот Календа се откажал од тужбата против Наполи поради исмејување на фудбалерот.

Календа многу остро реагираше на видеото на „Тик Ток“ на Наполи, кога клубот се исмејуваше со голгетерот за промашениот пенал против Болоња. Првично адвокатот најави тужба поради тоа видео.

Вчера клубот излезе со официјално соопштение во кое кажаа дека Наполи го цени Осимен и дека не била намерата да се исмева, додавајќи дека социјалната мрежа „Тик Ток“ е повеќе од забавен карактер. Осимен од лутина одбиваше и да се поздрави со своите играчи на собирањето пред натпреварот со Удинезе, па дури имаше најави за негово заминување.

Сега со ова ситуацијата може да се смири, и конечно, и Наполи и Осимен да се фокусираат кон натпреварите во Серија „А“ и Лигата на шампионите.

Се вчитува...