„Ситуацијата во Орландо е лоша, не верувам дека НБА ќе се врати“

Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Брендом Инграм не верува дека НБА ќе се врати бидјеќи ситуацијата во Орландо е катастрофална. Планирано е НБА да продолжи на 31. јули во „Дизниворлд“ во Орландо, но во Флорида секој ден има се повеќе потврдени нови случаи на Ковид-19.

„Не сум убеден дека НБА ќе се врати. Ситуацијата во Орландо е лоша. Има се повеќе нови случаи и воопшто не сум уверен дека ќе се игра во Орландо, но ќе видиме што ќе биде“, вели Инграм. 

Сличен став има и неговиот соиграч Лонзо Бол кој мисли дека во следниот период ситуацијата во Флорида не само што нема да се подобри, туку големи се шансите таа да биде влошена. Пеликанс првиот натпревар во Орландо треба да го играат против Јута Џез.

Се вчитува...