„Скај Спорт“ предвидува: Нестор – гол ќе биде пријатно изненадување во Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски повторно е во Серија А, во следните три сезони ќе го носи дресот на Удинезе. По административното исфрлање на Палермо во четвртата лига, Нестор – гол како слободен агент замина на „Фриули“. И веќе на првите пријателски натпревари покажа дека ќе биде значајно засилување, а „Скај Спорт“ го вброи меѓу десетте фудбалери за кои предвидува дека ќе бидат пријатно изненадување во Калчото следната сезона.

„После хаосот во Палермо, Несторовски повторно е во Серија А. Неговата авантура сега е 882 километри од југ на север и сигурно дека Македонецот ќе сака повторно да се покаже пред голманите во Серија А. Минатиот пат имаше забележителни игри, а изгледа дека веќе ги собра симпатиите и во новиот клуб. Се очекува досегашниот капитен на Палермо да биде стартер во дресот на „бјанконерите“ и да биде пријатно изненадување“, стои во анализата на „Скај Спорт“.

Се вчитува...