Скај Спортс: Реал обезбеди уште еден супер-трансфер!

Реал Мадрид јасно става до знаење дека планира да биде главен клуб на фудбалскиот пазар летово, мегатрансферот на Килијан Мбапе е пред реализација, „кралевите“ не се откажуваат ниту од Ерлинг Халанд, а според последните информации претседателот Флорентино Перез обезбедил уште едно фантастично засилување за шпанскиот гигант за наредната сезона.

Како што јавува „Скај Спортс“, Антонио Ридигер летово ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ откако ја прифатил понудата на Перез зачетиригодишен договор со Реал Мадрид. Откако лани заврши одлична работа со ангажманот на Давид Алаба на слободен трансфер, првиот човек на Реал истото го повторува и со Ридигер, за формирање на моќен тандем во одбраната. Финансиските детали не се обелоденуваат, но претходните шпекулации велеа дека германскиот репрезентативец добил понуда од Мадрид во висина од седум милиони евра по сезона, плус богат бонус за потпис на договорот.

Интерес за услугите на Ридигер покажаа и Јувентус и ПСЖ, но Перез уште еднаш се покажа како мајстор за мегатрансфери, обезбедувајќи врвен дефанзивец за својот тим, без ниту едно евро отштета за Челси. „Сините“ ги очекува ремонт на одбраната, ќе останат и без Кристијансен, кој ќе се пресели во Барселона, но успеаја да го задржат Цезар Аспиликуета, кој во последен момент се премисли и потпиша нов договор со лондонскиот клуб.

Се вчитува...