Аргентинскиот селектор Лионел Скалони со максимална почит гледа на шпанскиот национален состав во пресрет на големото финале, а кормиларот на „гаучосите“ имаше само пофални зборови за Ламин Јамал.
Крилниот офанзивец можеби не блеска како што се очекуваше на овој мундијал, но сепак претставува константна опасност за противниците, свесен за тоа е и Скалони.
„Како да го запреме Јамал? Мислам дека треба да го заклучиме во хотелската соба, така најдобро ќе го неутрализираме…. Тој е така млад, а игра на толку неверојатно ниво. Тој уште сега е дел од фудбалската историја, а сигурно ќе оствари уште толку многу работи во кариерата“, прокоментира Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
