Лионел Скалони веднаш по враќањето назад во татковината повторно се појави пред аргентинските медиуми, каде едно од првите прашања беше судењето на Винчиќ и влијанието на словенечкиот судија врз конечниот исход.
Сепак, аргентинскиот селектор ја покажа и својата човечка големина, јасно ставајќи до знаење дека Словенецот немал никакво влијаниие врз конечниот исход бидејќи – Шпанија била подобра во финалето.
„Дали финалето беше нефер судено? Момци, ајде да признаеме овде и сега, во овој момент, загубивме затоа што тие беа подобри од нас. Јас лично сметам дека е најдобро кога ќе се признае, ние можеби пристигнавме со лимитиран ростер, можеби имаше други причини, но вистината е дека Шпанија беше подобар тим во финалето и заслужено славеше. Ние не можевме да победиме, момците го оставија срцето на терен и затоа сега толку боли. Но, не можевме да победиме. Кога ќе си признаете, верувајте дека ќе извлечете и поуки и ќе бидете подобар во иднина. Секако дека сакавме да се вратиме како шампиони, повторно да го израдуваме аргентинскиот народ, но кога ќе се повлече црта, мора да се биде задоволен“, истакна Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
