Скалони: Се ме загрижува во врска со Шпанија, најдобро е да не дојдат на натпревар

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, пред финалето на Светското првенство 2026 против Шпанија изјави дека има максимално почитување кон својот ривал и дека неговиот стручен штаб со месеци ја анализира играта на „црвената фурија“.

На прес-конференцијата пред големото финале, Скалони истакна дека практично сè го загрижува во врска со Шпанија, но се обиде да ја намали тензијата со малку хумор.

Натпреварот за титулата светски шампион ќе се игра во недела во 21 часот во Њујорк.

„Сè ме загрижува во врска со Шпанија. Ќе се обидеме да го спречиме автобусот да го напушти хотелот, па да не дојдат на натпревар. Така ќе ни е најлесно“, се пошегува селекторот на Аргентина, а потоа сериозно додаде дека ова е една од најдобрите репрезентации во светот.

Скалони откри дека неговиот тим се подготвувал за евентуален дуел со Шпанија уште од декември.

„Ја анализиравме Шпанија како можен ривал уште од декември. Не повеќе од која било друга репрезентација, но ги проучивме сите можни сценарија. Знаеме како играат. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил и да ги нападнеме во сегменти каде што можат да имаат проблеми“, рече аргентинскиот стручњак.

Според него, Аргентина и Шпанија имаат сличен стил на игра.

„Шемите на игра на двете репрезентации се многу слични. Постојат разлики, но двете екипи сакаат да ја контролираат топката. Се надевам дека ќе видиме одличен фудбал во финалето“, рече Скалони.

Тренерот на „гаучосите“ имаше само пофални зборови за селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

„Многу го ценам. Шпанија поминува низ одличен период под негово водство и искрено сум среќен поради тоа“, рече Скалони.

Тој особено ја пофали најголемата млада ѕвезда на шпанскиот фудбал, Ламин Јамал.

„Ламин Јамал ​​е богатство на светскиот фудбал. Тој е фантастичен играч“, рече селекторот на Аргентина.

Зборувајќи за самото финале, Скалони нагласи дека не сакал неговите играчи да чувствуваат дополнителен притисок поради важноста на мечот.

„Ова е финале на Светското првенство, но на крајот сепак е фудбалска игра. Мораме да ја дадеме најдобрата верзија од себе за да победиме. Ако постојано мислите дека е финале на Светското првенство, лесно можете да го изгубите фокусот“, објасни тој.

Се вчитува...